Search

Нутриционист го откри најдоброто овошје и зеленчук за слабеење

Постојат неколку начини да ги изгубите несаканите килограми, но најчеста препорака е комбинација од урамнотежена исхрана и вежбање. Се препорачува да се јаде многу овошје и зеленчук, а нутриционистот Анеква Годарт откри кои четири видови на овошје и зеленчук се најдобра опција за оние кои сакаат да ослабат.

Целер

Целерот е нискокалоричен зеленчук кој може да помогне во управувањето со тежината. „Прв на листата на овошје и зеленчук за слабеење е целерот. Често се истакнува поради неговиот „негативен“ калориски ефект, што значи дека телото согорува повеќе калории варејќи целер отколку што тој има калории“, објаснува нутриционистот.

Јаболка

Јаболката се богати со влакна, а конзумирањето на ова овошје може да направи да се чувствуваме сити со часови. Тие се одличен избор за сите оние кои сакаат да го контролираат својот апетит и килограми, пренесува Њујор пост. Нутриционистот Годарт препорачува почесто да ги вклучуваме во исхраната.

„Јаболката се уште една одлична опција за оние кои сакаат да изгубат тежина. Тие се богати со диетални влакна и пектин кои помагаат да се регулира апсорпцијата на мастите во телото“, додава таа.

Бобинки

Како што пишува Њујорк пост, бобинките се една од најдобрите опции за оние кои сакаат да ја контролираат својата тежина, а со тоа се согласува и нутриционист.

„Бобинките, како јагодите, боровинките и малините, имаат малку шеќер, но имаат многу антиоксиданси и влакна, што ги прави совршени за задоволување на слатки желби кога се обидувате да изгубите тежина“, објаснува Годарт.

Зеленчук без скроб

Оние кои сакаат да ослабат или се трудат да ја одржат тежината треба да јадат повеќе зеленчук кој не содржи скроб, истакнува нутриционистот. Зеленчукот како брокула, карфиол и краставици содржат висок процент на влакна и вода, што влијае на чувството на ситост, а со тоа и на регулирање на тежината.

Треба да знаете
Последни објави