Search

Тошковски: Сите бараат издавање на пасоши забрзано, ама МВР располага само со две машини за печатење на патните исправи

Министерот за внатрешни работи во техничката влада на Македонија, Панче Тошковски во гостувањето на утринската програма на „Слободен печат“ изјави дека идејата на Народниот правобранител, Владата, и сите оние кои бараат издавање лични документи по брза лента е одлична, но факт е дека МВР располага со две машини. -Барањето на Народниот правобранител за издавање лични карти по брза линија за оние граѓаните кои немаат документ и нема да можат да гласаат на изборите е одлично. Добро е и барањето на Владата да им се излезе во пресрет на превозниците, но бараат и ИТ инженери и здравствените работници и професори… Сите бараат и јас ги поттикнувам сите да се организираат и да достават барање. Ама фактот е дека МВР има две машини за печатење пасоши, вели Тошковски. Министерот додава дека капацитетот на вработените кои работат на печатење на пасоши е околу 3.000 дневно. -Луѓето работат по десет часа на ден и во саботите и во неделите. Решение е да се смени законот, вели Тошковски.

Треба да знаете
Последни објави