Search

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал и не гледам никаква разлика во нивните ставови

„Сигурен сум дека кога „Левица“ би можела да собере потписи за неколку часа би ги собрала и воопшто не би го отворала ова прашање на овој начин и жалам што се фокусираме на сосема непотребни теми. Секој граѓанин отишол таму доброволно да се потпише. Ние сме партија со многуилјадно членство и секој член чувствува одговорност и желба да даде подршка на нашиот претседатлски кандидат и сите луѓе кои излегоа вчера таму, јас бев присутен таму, никој не ми наредил никој не ми кажал, видов многу луѓе мои сопартијци и не гледам во тоа никаков проблем,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1, во врска со изјавата на Ванковска, кандидатката за претседател од Левица, дека начинот на собирањето на потписи за неколку часа е подбивање со партиципативна демократија.

Во врска изјавата на Мицкоски дека кандидатурата на Ванковска и Јакимовски е да се поткопа потенцијалот на Силјановска, Мариќич посочи дека луѓето треба да се навикнат да има повеќе кандидати и дека е суверена одлука на секој политички субјект, и дека во зависност од тоа кој ќе собере потписи ќе има претседателски кандидат, затоа што плурализмот налага такви услови.

„Тоа што на Мицковски не му се допаѓа да има повеќе кандидати, што би апелирае на истото гласачко тело не може да биде никакво оправдување. Сите овие коментари вклучително и претходниот оди во насока дека некои партии сеуште сакаат да уживаат во монополите или да полагаат право на некакви монополи. Плурализмот е убавината на демократијата. И ако имало повеќе кандидати значи дека имаат што да кажат. Легитимно е секој кандидат да се измери на изборите, и се додека работиме и живееме во демократски систем тоа е нормално. Доколку му пречат на Мицковски зошто не направија коалиција Левица и ВМРО-ДПМНЕ?“ рече Маричиќ.

Тој се осврна на тоа дека овие две партии се обидуваа да ја срушат владата со потписи и од каде тоа дека одеднаш Левица е со СДСМ, што претходно го имаат изјавено од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Левица се две страни на еден ист медал и не гледам никаква разлика во нивните ставови;“ посочи Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави