Search

Рекорд на Нуркиќ, Феникс загуби од Оклахома

Кошаркарите на Оклахома славеа во Феникс 118:110 и го презедеоа првото место во Западната конференција. Мечот во Аризона го обележа репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ.

Нуркиќ го урна рекордот на франшизата со 31 скок. Ова е најдобар улинок во оваа категорија во изминатите 14 години, но е далеку од асплутниот рекорд на Вилт Чембрлен (55 скокови).

Дополнително, Нуркиќ за 32 минути на паркетот запиша 14 поени и четири асистенции. Кај Феникс, во чии редови го немаше Девин Букер, најефикасен беше Бредли Бил со 31 поен, додека Кевин Дурент постигна 20 поени.

Шеј Гилџес-Александер беше најефикасен во победничкиот тим со 35 поени, додека Џејлен Вилијамс придонесе за победата со 22 поени.

Во останатите натпревари: Лос Анџелес Клиперс беа подобри од Минесота со 89:88, со 32 поени од Кави Ленард, Њујорк го победи Кливленд со 107:98, Сан Антонио славеше во дуелот со Индијана со 117:105, додека Орландо го победи Детроит со 113:91.

Треба да знаете
Последни објави