Search

МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми и седумина членови на криминалната група „Дуќанџик“

Министерството за внатрешни работи, распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми кој е водач на криминална група од Грчец која се занимава со недозволена трговија со дрога и убиства. Покрај Шеваљ, МВР распиша потерница и по седуммина членови на криминалната група „Дуќанџик“. МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ, пишува на сајтот на МВР. На почетокот од годинава МВР изврши голема полициска акција во Грчец, Дуќанџик,Чаир и други локации при што шестмина беа уапсени и уште едно лице во Шпанија. Меѓунив не беше водачот Муареми кој со целото семејството заминал во Дубаи, веднаш по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева-Жила во Шиша бар во скопската стара чаршија.

Треба да знаете
Последни објави