Search

Силјановска Давкова се заблагодари за поддршката од граѓаните

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова вечерва на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката што ја доби од граѓаните во собирањето на потребниот број потписи.

„Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата. Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам“ пишува Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави