Search

СДСМ со бројни настани во само еден ден: 8-мартовски марш, конгрес за поддршка на Пендаровски и собрани над 20 000 потписи

Денеска СДСМ го одржа својот осмомартовскиот марш во Кавадарци со над шест илјади граѓани, каде што се одбележаа неколку важни настани, 8ми март Меѓународниот ден на жената, 25 години од постоењето на Форумот на жени и 80 години од формирањето на АФЖ во Македонија.

На маршот се обратија претседателот Ковачевски, како и останати високи функционерки и функционери од партијата, а во исто време, останатите поддржувачи на владејачката партија кои не маршираа во Кавадарци побрзаа до канцелариите на ДИК за да ја дадат својата поддршка за вториот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

За неполни пет часа, претседателот Пендаровски успеа да ги собере потребните 10 илјади потписи, а во текот на денот за неговата граѓанска кандидатура се потпишаа над 20 илјади граѓани.

Вечерва, владејачката СДСМ ќе одржи Конгрес, на кој се очекува да се даде поддршка на граѓанската иницијатива на Пендаровски, а според најавите, на Конгресот за да се заблагодари за поддршката ќе се појави и лично претседателот Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави