Search

(Фото) СДСМ на Конгрес го потврди Стево Пендаровски како претседателски кандидат

Со 706 гласови ЗА делегатите на 27иот Конгрес на СДСМ го потврдија Стево Пендаровски како кандидат за претстојните избори.

Претходно, во текот на денот Пендаровски успеа за неколку часа да собере двојно повеќе од потребните 10 000 граѓански потписи.

Стево Пендаровски трет пат ќе настапи како кандидат на СДСМ за претседател на државата. Претходно тој беше кандидат во 2014, а потоа и во 2019 година кога и победи на претседателските избори.

Противкандидатка тогаш му беше Гордана Силјановска Давкова, која ќе настапи и на следните претседателски избори

Треба да знаете
Последни објави