Search

Можно ли е за седум и пол часа да се соберат 1.000 потписи за претседател како што тврди ВМРО-ДПМНЕ?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека до 15.40 во една нотарска канцеларија потпишани биле точно 1.000 граѓани кои дале поддршка за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Да се соберат 1.000 потписи за седум и пол часа (ако се земе предвид дека процесот на потпишување започнал точно во 8 часот наутро) звучи како научна фантастика.

Ако се направи проста математика и ако за седум и пол часа или 450 минути се потпишале 1.000 лица, тоа значи дека на секој потписник му требало нешто помалку од 30 секунди, период за кој граѓанинот треба да приложи лична карта, да пополни пријава со име презиме матичен број и потпис и потоа да биде внесен на списокот.

Тоа е премногу креток период за да се заврши процедурата, особено ако се има предвид дека на повозрасните лица потребно им е повеќе време и концентрација за да се потпишат.

Речиси невозоможно е да се соберат 1.000 потписи за толку краток период на една единствена локација, па сега за сега останува непознато дали Силјановска Давкова навистина собрала 1.000 потписи во нотарска канцеларија во Ѓорче Петров или сето ова е уште еден ПР трик на партиите во предвечериото на кампањата за претседателски избори.

Треба да знаете
Последни објави