Search

Битолчанец запалил казино, полицијата го уапси

На 03.03.2024 во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слободна едно лице, објави денеска министерството за внатрешни работи во дневниот полициски билтен.

Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски” во Битола.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави