Search

Де Минор ја одбрани титулата во Акапулко

Австралиецот Алекс де Минор ја одбрани титулата во Акапулко.

Тој во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 6:4.

Со овој триумф 25-годишниот де Минор ја прекина серијата од четири порази во финалето и ја освои осмата титула во кариерата.

Овој триумф од понеделник ќе го стави во Топ 10 на новата АТП листа.

“Тоа беа неверојатни седум дена зад мене, нешто што навистина не го очекував. Дојдов во Мексико не се чувствувам најдобро, но мислам дека денес го одиграв мојот најдобар натпревар” – истакна де Манор.

Треба да знаете
Последни објави