Search

Елмас влезе од клупата за резерви, Лајпциг го скрши отпорот на Бохум

Тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, бундеслигашот Лајпциг во 24. коло загбележа убедлив триумф на гостувањето кај Бохум (1:4). Елмас доби шанса од клупата за резерви во 65 минута, по што Лајпциг ја почна гол-серијата за трумф. Домаќините поведоа со голот на Витек во седмата минута, а во 30 минута следуваше израмнувањето кое обезбеди Олмо, кој подоцна местото му го отстапи на Елмас. Во 68 минута Лајпциг поведе со погодокот на Опенда. Серијата голови продолжи во 71 минута со автоголот на Ордетс, а во 72 минута по акцијата во која учествуваше и Елмас конечниот резултат го постави Поулсен. Лајпциг е на петтата позиција со 43 бодови, а Бохум е на 15 место со 25. На другите денешни одиграни натпревари постигнати се следните резултати: Дармштад – Аугсбург 0:6, Хејденхајм – Ајнтрахт Франкфурт 1:2, Мајнц – Борусија Менхенгладбах 1:1 и Унион Берлин – Борусија Дортмунд 0:2.

Треба да знаете
Последни објави