Search

Јулија Навали се прости од својот сопруг на социјалните мрежи

Јулија Навални денеска на социјалните мрежи се прости од својот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари.

„Љоса, ти благодарам за 26 години апсолутна среќа. Да, дури и последните три години среќа. Благодарам за љубовта, што секогаш ме поддржуваше, што ме насмеаваше дури и од затвор и што секогаш мислеше на мене“, напиша Навали на социјалната мрежа Икс.

Таа додаде дека не знае како ќе живее без Навални, но нагласи дека ќе се обиде.

„Не знам како да живеам без тебе, но сакам да бидеш среќен за мене и горд на мене. Не знам дали ќе издржам или не, но ќе се обидам“, изјави Навална.

Обраќајќи му се на својот сопруг, таа напиша дека еден ден „сигурно повторно ќе се сретнат“.
„Имам толку многу нераскажани приказни за тебе и имам толку многу зачувани песни за тебе на мојот телефон, глупави и смешни. Да бидам искрена, има некои страшни песни, но тие се за нас и навистина сакав да ги слушнеш. Те сакам. Почивај во мир“, рече Навални.

Лидерот на руската опозиција беше погребан на московските гробишта претходно денеска, на кој присуствуваа илјадници поддржувачи и силни полициски сили.

Навални почина во казнената колонија на 16 февруари, откако, според затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка, по што неуспешно бил реанимиран.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што се наведува во една од пресудите на рускиот суд, основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а бил познат и како остар критичар на Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави