Search

Кефирот го зајакнува имунитетот, ги чисти цревата и помага при слабеење

Кефирот е освежителен пробиотски пијалок направен од ферментирано млеко. Содржи цела палета на пробиотски бактерии и квасци. Тоа е традиционален пијалок со потекло од Кавказ и е еден од главните „виновници“ за долговечноста на населението од тој регион.

– Кефирот содржи многу витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Д, Е, К. Како минерали содржи калциум, магнезиум и фосфор. Содржи и мали количини на етил алкохол, протеини и полисахариди. Овој кремаст производ со малку кисел вкус и допир на вкус на квасец е многу корисен напиток за здравјето на целиот дигестивен систем.

Кефирот е ферментиран млечен производ кој се добива со комбинирање на „зрнца “ на кефир со кравјо, козјо, овчо или дури и биволско млеко.

Тоа е лесно сварлива храна, се вари побрзо од млекото: најмалку 2-2,5 пати побрзо. Се препорачува за сите луѓе, здрави и болни, особено лица со нарушен имунитет, деца, лица со тешка физичка работа, како и ризични групи: стари, трудници и доилки.

Лековити својства

Кефирот е корисен во диеталната терапија, бидејќи го забрзува метаболизмот. Затоа, често може да се користи во процесот на слабеење.

Истражувањата потврдуваат дека кефирот има позитивен ефект врз дигестивниот систем и респираторниот тракт. Ја спречува колонизацијата на цревата со лоши бактерии. Исто така, значително влијае на намалување на воспалителните процеси, грчеви и има позитивна улога во слабеењето.

– Она што е многу интересно, кефирот има одредени резултати во борбата против кандида, упорна габа која може да направи хаос во организмот. Содржи есенцијална аминокиселина триптофан, која има корисен релаксирачки ефект врз нервниот систем.

Треба да знаете
Последни објави