Search

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати западот на САД, предупредување за жителите на Калифорнија, се очекува снег до три метри

Опасна зимска бура зафати големи делови од западниот дел на САД, а жителите во Калифорнија беа повикани да се засолнат и да се подготват за прекини на електрична енергија, ветрови и рекордни количества снег што ќе падне овој викенд, веројатно и до 3 метри.

Опасните услови во регионот на Сиера Невада се очекува значително да се влошат во текот на викендот, со висок ризик од снег, слаба видливост и лавини низ планинскиот венец, што ќе го оневозможи патувањето. Можни се удари на ветер и до 160 километри на час, информираат од метеоролошките служби.

Националниот парк Јосемит и скијачките центри се затворени, а од денеска веќе не може да се патува по околните патишта.

Ваквите екстремни количества на снежни врнежи се меѓу највисоките забележани во оние региони кои не се навикнати на вакви временски услови. Комбинацијата на феноменот Ел Нињо и последиците од глобалното затоплување се водечка причина за ваквите бури што ја опустошија Калифорнија оваа зима, според климатолозите.

Треба да знаете
Последни објави