Search

Убиство во Прилеп, младо момче избодено со нож

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп, објави порталот Маркукуле.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред зграда.

-Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел „Скопје”, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност, пишува порталот.

Треба да знаете
Последни објави