Search

По дојава за бомба на аеродромот во Белград патниците се евакуираа од авион со тобоган, аеродромот затворен

Вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ добиена е дојава за поставена бомба. Аеродромот во моментов е затворен, а последниот авион тргнал во 18:45 часот. Сите планирани летови доцнат.

На социјалните мрежи се појави видео од евакуацијата на патниците од еден од авионите, на кое се гледаат патници во паника како се спуштаат по тобоганот. Сите патници се евакуирани.

Српските медиуми неофицијално објавија дека дојава за бомба имало за авионите на авиокомпаниите Wizz Air и Air Montenegro.

Треба да знаете
Последни објави