Search

Утре по барање на група советници вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров за спорниот ДУП

Советници од Советот на општина Ѓорче Петров собраа доволен број потписи и побараа одржување на трета вонредна седница на Советот со една предлог точка на дневен ред.

Советниците бараат да се донесе одлука за суспендирање на делови од Деталниот урбанистички план СЗ 16 односно да не се градат предвидените висококатници.

Овој ДУП беше донесен исто така на вонредна седница а со него се предвидува изградба на неколку висококатници во централното подрачје на Ѓорче Петров што наиде на револт кај жителите од оваа населба.

На барањето за вонредна седница потпишани се советници од СДСМ и коалицијата како и од политиката партија Левица.

Седницата е закажана за утре во 14 часот.

Треба да знаете
Последни објави