Search

Во последен момент избегната блокадата на американската влада, одлука за една недела

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска усвои мерка со која во последен момент е избегната делумна блокада на федералните власти, но само за една недела, време до кога мора да се постигне договор за да се избегне затворање.

Долниот дом на Конгресот денеска усвои мерка со која за една недела се одложува заканата од делумна парализа на работата на федералните власти за време на кампањите за претседателските избори.

Мерката допрва треба да биде потврдена од Сенатот, што се смета за формалност бидејќи проблем беше усвојувањето на мерката низ Претставничкиот дом. Договорот обезбедува продолжување на финансирањето до 8 март, со што се избегнува блокирање на работата на бројни државни агенции и јавни служби.

Пратениците блиски до поранешниот претседател Доналд Трамп упорно го спречуваат усвојувањето на буџетот за 2024 година, иако фискалната година започна на 1 октомври. Затоа, САД во моментов работат со донесување серија мини-закони кои секој пат го продолжуваат буџетот за неколку дена, недели или месеци.

Во случај да истече рокот, кој Американците го нарекуваат „shutdown“, долга е листата на последици од парализата на работата. Контролорите на летови би биле без плата, националните паркови без пари за одржување, администрацијата би престанала да функционира итн. Ова е четврти пат од октомври да се помести рокот.

Мини-буџетот, кој прво го усвојува Претставничкиот дом, а потоа и Сенатот, конечно е потпишан од претседателот Џо Бајден.

Водечките светски рејтинг агенции предупредија дека секогаш истата тензија околу буџетот негативно влијае на кредитниот рејтинг на земјата чиј долг надмина 34 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави