Search

Ковачевски од Штип: Целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и членови симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот на СДСМ во Штип. Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, претседателот на партијата Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата. „Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување. СДСМ е 

подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата”-рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави