Search

(ВИДЕО) Шпанија под удар на силно невреме: Брановите носеа се пред себе, Мајорка под снег

Повеќето региони во Шпанија беа под портокалово предупредување за снежни врнежи, бидејќи снегот, ветерот и дождот го нарушија секојдневниот живот.

Невреме со снег, ветер и дожд ја зафати земјава што го наруши сообраќајот на многу патишта низ речиси целата земја.

Жолта или портокалова метеоролошка тревога е издадена за сите региони освен Екстремадура во последните неколку часа, објави Еуроњуз.

Портокалово предупредување за снежни врнежи е активирано во Кантабрија, Пиринеите и Галиција. Во Кантабрија, на 800 метри надморска височина, се очекуваат акумулации на снег и до 15 сантиметри.

Во Баскија, Навара и Кастиља и Леон, обилните дождови предизвикаа излевање на реките, а поплавите ги прекинаа патиштата во различни области.

Минатиот месец во Шпанија имаше екстремно високи температури од дури 30 степени.

Треба да знаете
Последни објави