Search

1953, 1955 или 1960 – Мистерија е кога точно е родена Гордана Силјановска Давкова?

Прашањето „Зошто Гордана Силјановска Давкова има три различни датуми на раѓање во три различни биографии?“ поттикна илјадници коментари на социјалните мрежи.

Најмногу реакции предизвика коментарот на новинарката на ТВ Алфа, Каролина Дурло: „Оти е ЖЕНА и како и секоја друга, не сака да говори за возраста. А вистинските џентлмени никогаш не се занимаваат со годините на една дама.“

Но, прашањето не беше и никогаш нема да биде: Зошто нема датум на раѓање во биографијата на Гордана Силјановска Давкова? – а во нејзината биографија како професорка на УКИМ, навистина нема датум на раѓање.

Друго беше прашањето – Зошто Гордана Силјановска Давкова дала три различни денови на раѓање во три различни биографии? И кои податоци за нејзиното раѓање се точни – на страницата во Собранието (1953), во „Македонска енциклопедија“ (1955), или пак на страницата на Советот на Европа (1960)?

Новинарите мора да ја проверуваат точноста на податоците пред нивното објавување. Во случајов, новинарите објавија дека е родена во 1955, на официјалната страница на собранието има податок дека „Сиљановска Давкова“ била родена во 1953, а на официјалната страница на Венецијанската комисија стои дека била родена во 1960.

Едно е јасно. Еден човек не може да биде роден во три различни години, и може да има само еден датум на раѓање, а не три. Во случајов, никој ниту ја обвинува Силјановска, ниту пак шири говор на омраза кон неа. Но, јавноста има право да знае колку години има секој од кандидатите за претседател, независно дали се мажи или жени.

Токму затоа, Гордана Сиљановска Давкова им должи објаснување на сите новинари и читатели кои ја прочитаа информацијата дека е родена во 1955 (како што пишува во „Македонска енциклопедија“ и на Википедија).

Зошто на официјалната страница во Собрание дала податок дека е родена во 1953, а на официјалната страница во Венецијанската комисија дека е родена во 1960 година?

24инфо.мк во текот на вчерашниот ден и утрово се обидуваше да ја праша лично професорката за точниот датум на раѓање, но на нашите повици и пораки до овој момент не добивме одговор.

Треба да знаете
Последни објави