Search

Претпладне сончево, попладне променливо облачно

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во текот на работнава седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Во текот на целиот период ќе дува умерен, а во четврток засилен југоисточен ветер.

Треба да знаете
Последни објави