Search

Во Грција приведени шест лица поради поврзаност со терористичка група

Антитерористичките единици во Грција денеска уапсија шест лица по полициска акција во Атина во врска со терористичка група која ја презеде одговорноста за три бомбашки напади и им се закануваше на судиите, јавува грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Покрај шестмината уапсени, меѓу кои и двајца активни војници, во бомбашките напади кои се предмет на истрага, наводно се вмешани уште четири лица кои се во затвор за други кривични дела.

Сите 10 осомничени се соочуваат со обвиненија, вклучително и членство во терористичка организација, обид за убиство и кршење на Законот за оружје и експлозиви.

Во голема акција полицијата претресла десет куќи и запленила оружје, експлозиви, куршуми, како и мобилни телефони и компјутери.

Полицискиот оддел за борба против тероризмот денеска изврши рација во различни делови на Атина во врска со нападите извршени од екстремно левичарски екстремисти, вклучително и пакет-бомба испратена до обвинителот на Апелациониот суд во Солун претходно овој месец.

Непозната анархистичка група наречена „Вооружен одговор“ ја презеде одговорноста претходно во објава на интернет и додаде дека ќе ги засили нападите врз судството во знак на солидарност со затворените колеги милитанти.

Групата Simpraki Ekdikisis (Заговор за одмазда) ја презеде одговорноста за три терористички акции, вклучувајќи го бомбардирањето на автомобилот на затворски офицер во Хидари во јули 2023 година, бомбашкиот напад на градежна компанија во Кифисија во ноември 2023 година и бомбашкиот напад врз зградата на Народната банка во Петралона на 25 јануари годинава.

Треба да знаете
Последни објави