Емирот на Катар се сретна со лидерот на Хамас

Емирот на Катар Тамим бин Хамад ал Тани денеска се сретна со лидерот на палестинската милитантна група Хамас Исмаил Ханије во неговата палата во близина на Доха.

За време на средбата, официјалните лица разговарале за последните случувања во Појасот Газа и окупираните палестински територии, како и за работата за постигнување траен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, пишува „Галф тајмс“.

Ал Тани ја истакна непоколебливата поддршка на Катар за палестинскиот народ и укажа на важноста на палестинското единство кога станува збор за формирање независна држава, со главен град источен Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави