Search

Клоп по триумфот во Лига купот: Целосно лудило

„За повеќе од 20 години тренерска кариера, ова е најспецијалниот трофеј што некогаш сум го освоил“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по триумфот во финалето на англискиот Лига куп. Фудбалерите на Ливерпул го освоија Лига купот откако во финалето на Вембли по продолженијата го совладаа Челзи со 1:0 со голот на Вирџил ван Дијк во 118. минута.

– Ова што се случи овде е целосно лудило, такви работи се невозможни. Тимот покажа карактер. Многу сум горд што сум дел од ова. Лудото е што го заслужуваме тоа. Во некои моменти имавме среќа, во други имаше среќа противникот. Момците се покажаа, беше навистина кул. Сигурен сум дека ние ги привлековме сите млади. Ни требаа свежи играчи и тие ја завршија работата, изјави Клоп за „BBC“.

Клоп го освои трофејот со „детска градинка“ бидејќи поради повреди не можеше да смета на Алисон Бекер, Мохамед Салах, Дарвин Нуњез, Трент Александер-Арнолд, Џоел Матип, Диого Жота, Тиаго Алкантара, Куртис Џонс и Доминик Собослаи.

„Ми рекоа дека трофеите не се освојуваат со деца. Понекогаш ме прашуваат дали сум горд на ова или она, посакувам почесто да се чувствувам горд, но денес бев горд на апсолутно се“, изјави Клоп, кој во финалето им даде можност за Џејден Денс (18), Џејмс Меконел (19), Боби Кларк (19), Конор Бредли (20), Харви Елиот (20) и Џарел Кванса (21) и Рајан Гравенберч (21).

Тој го издвои Ватару Ендо, 31-годишниот јапонски дефанзивен играч за врска кој минатото лето пристигна од Штутгарт за 20 милиони евра.

„Ватару Ендо, о Боже… Каков играч“, рече Клоп за Јапонецот кој имаше 12 одземени топки, 12 освоени дуели и 91 процент точни додавања. Ливерпул се уште нема загубено натпревар во кој Ендо одиграл повеќе од 45 минути. Во Премиер лигата одигра 969 минути и постигна еден гол.

Ливерпул по десетти пат во историјата го освои англискиот Лига куп. Тимот го држи рекордот по победи на турнирот. 

Треба да знаете
Последни објави