Search

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот на Баерн Алфонсо Дејвис

Фудбалскиот клуб Реал е заинтересиран за играчот на Баерн и канадски репрезентативец Алфонс Дејвис, пренесува.

Германските медиуми тврдат дека Дејвис решил да го напушти Баерн на крајот од сезоната, бидејќи повеќе не сака да игра во Бундеслигата. Канадскиот фудбалер наводно ги договорил личните услови од договорот со Реал Мадрид.

Дејвис (23) има договор со Баерн до јуни 2025 година, но Канаѓанецот, како што пренесува Скај Германија, на крајот од сезоната ќе се обиде да избори трансфер во Реал.

Тој во Баерн пристигна во 2018 година од Ванкувер за 14 милиони евра. Канадскиот фудбалер одигра 180 натпревари за клубот од Минхен и постигна девет гола. Со Баерн освои 13 трофеи.

Дејвис за канадската репрезентација настапи на 44 натпревари и постигна 15 голови.

Треба да знаете
Последни објави