Search

Ливерпул го победи Челзи и го освои трофејот во Лига купот

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп, откако вечерва во финалето го совладаа Челзи по продолженија со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на „Вембли“ беше Холанѓанецот Вирџил Ван Дијк, кој по корнер со глава го совлада голманот Ѓорѓе Петровиќ.

Во 60. минута Ван Дијк имаше речиси идентичен удар со глава поништен од ВАР поради офсајд на Јапонецот Ватару Енда.

Ливерпул одигра десеткувано (без Салах, Собослај, Алисон, Нуњез, Јота, Александер-Арнолд…), а херој заедно со Ван Дијк беше одличниот голман Каомин Келехер, кој имаше неколку фантастични интервенции.

Ова е јубилеен, а воедно и рекорден 10-ти трофеј на Ливерпул во Лига купот.

Треба да знаете
Последни објави