Search

Кејн го спаси Баерн, Елмас одигра неколку минути во тимот на Лајпциг

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ги задржа теоретските шанси за одбрана на трофејот во Бундеслигата откако вечерва во 23. коло пред своите навивачи го совлада Лајпциг со (2:1). За тимот на Лајпциг, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните три минути од регуларниот дел и дополнителните судиски. Баерн (53 бода) зад лидерот Баер Леверкузен (61) заостанува осум бода. Херој на „баварците“ беше Хари Кејн кој ги постигна двата гола за својот тим од кои вториот во судиското продолжение, при резултат 1:1. Англичанецот го отвори резултатот во 56. минута, израмни Шешко во 70, а во првата минута од судиското продолжение Кејн погоди за ново водство и победа на Баерн. Со двата нови погодоци Кејн стигна до бројката од 27 првенствени погодоци. Ељиф Елмас одново доби премала минутажа и втрча на теренот во 87. минута. 

Треба да знаете
Последни објави