Search

Убиени три жени во бордел во Виена: Уапсен млад маж

Три жени се пронајдени мртви од убодни рани во бордел во Виена, а маж (27) е уапсен набргу по злосторството, соопшти портпаролот на виенската полиција.

Тој додаде дека истрагата е во тек и дека засега нема повеќе информации за убиствата што се случиле во петокот вечерта, пренесува Ројтерс.

Борделот во кој се пронајдени телата се наоѓа во виенскиот 20. кварт, кој според британската агенција се смета за еден од најсиромашните.

Треба да знаете
Последни објави