Search

ВМРО-ДПМНЕ и натаму смета дека 620 милиони евра помош за граѓаните преку антикризните мерки се обичен популизам

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во синоќешната емисија „Вин-Вин“ призна дека Владата за два месеци доделила 620 милиони евра кај бројни категории граѓани за помош во справување со последиците од кризите. 

Но, Димовски, за кој во јавноста се зборува дека е и сега е вклучен во креирање политики во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека таквите мерки биле популизам, а според него тие пари наместо кај граѓаните подобро би било да завршат за некој автопат и тоа ни повеќе ни помалку туку помеѓу неговиот роден град Велес и Прилеп.

„620 милиони евра распределија во последните два месеца со вонредни мерки од популизам. Со тие пари може да направиме нов пат меѓу Велес и Прилеп“ рече Димовски.

На ваквиот став на Димовски реагираше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петре Шилегов, кој истакна дека тоа се пари кои се враќаат кај граѓаните во време на криза.

Од почетокот на кризата со коронавирусот па до денес Владата издвои над две милијарди евра во девет пакети антикризни мерки со кои се помагаа стотици илјадници граѓани, но и десеттици илјади мали и средни компании, кои ако не беше помошта од државата, одамна ќе ги затвореа своите бизниси. 

Со последниот пакет мерки, ученици, студенти, приматели на социјална помош, пензионери со ниски примања, пет месеци ќе добиваат дополнителна финансиска помош како поддршка во справување со последиците од економската и енергетската криза. 

Треба да знаете
Последни објави