Search

Министерот Николовски ќе има средби со земјоделци од Велес

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе има средба со земјоделци од општина Велес.

Николовски најрпвин ќе ја посети браната Лисиче каде што е предвидена реализација на проектот за изградба на цевковод за наводнување на земјоделските површини.

Потоа во компанијата „Кристал“ ќе има средба со земјоделци производители на сончоглед.

-Средби со земјоделци, добитници на трактор, министерот Николовски ќе оствари и во селата Иванковци и Сојаклари, соопшти МЗШВ. 

Треба да знаете
Последни објави