Search

Шилегов: Ја добивме најдобрата будалетинка градоначалник на Скопје, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ

Коментирајќи го големиот интерес за кандидатури за претседател на државата, членот на Ивршниот одбор на СДСМ и екс градоначалник на Скопје рече дека има разлика помеѓу амбиции за претседател и официјален кандидат за претседател.

„Тие девет имиња не се кандидати, ова се девет луѓе со претензии за претседател на државата. Ќе се сведеме на 4 или 5 кандидати. Не навлегувајќи во законското право, ова малку сурово ме потсетува на тоа кога секоја будалетинка помисли дека може да биде градоначалник на Град Скопје. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ ја добивме најдобрата будалетинка, па гледаме што ни се случува во изминатите две и пол години во главниот град. Некомпетенто е луѓе кои се под секое ниво да бидат носители на било каква функција, поготово претседедател на државата, да бидат кандидати, да ги замараат граѓаните на гласачките ливчиња“ рече Шилегов.

Шилегов додаде дека тоа било вистина и дека не се грижи дали некој за него мислел дека е арогантен.

„Ова е вистината, дали е Шилегов е арогантен или не, мене ми е сеедно. Најголемиот сојузник на Македонија е вистината, се надвор од тоа се политички калкулации, поради тие калкулации сме на ова дереџе“ потенцираше Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави