Search

Осимен го остави во игра Наполи за реваншот против Барселона

Нигерискиот интернационалец во редвоите на италијанскиот фудбалски првак Наполи, Виктор Осимен единствениот удар кон голот на Барселона го претвори во погодок и го спаси својот тим од пораз (1:1) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на „Диего Армандо Марадона“. Предноста на домашниот терен ја искорсити Порто и со погодок во судиското продолжение реваншот во Лондон прптив Арсенал ќе го чека со минимална предност (1:0). Барселона беше подобра во првиот дел, но не успеа да постигне гол, на одморот се замина без погодоци. По 15 минути игра во вториот дел, Левандовски убаво се снајде во шеснаесетникот на Наполи и постигна гол за водство на Барса од 1:0. На 15 минути пред крајот на мечот, Осимен прими едно додавање од Ангиса и ја затресе противничката мрежа по што веднаш беше повлечен на клупата за резерви. Според прикажаното на мечот Порто – Арсенал се очекуваше мечот да заврши без голови, но Галено постигна убав погодок во 94. минута за триумф на домаќините.

Треба да знаете
Последни објави