Search

Лутон само го налути Ливерпул на „Енфилд“

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул обезбеди нова победа, откако вечерва на „Енфилд“ во 26. коло со резултаски пресврт, убедливо го совлада Лутон (4:1). Гостите постигна гол во 12 минута преку Огбене и со предност заминаа на полувреме. Ваквиот развој на настаните само ги налути „црвените“ кои во вторите 45 минути ја оправдаа фаворитската улога. Голеадата на Ливерпула почна во 56. минута со погодокот на Ван Дајк за израмнување (1:1), а само две минути подоцна Гакпо донесе резултаски пресврт (2:1). За убедлив триумф со по еден погодок се погрижија Диаз во 71 минута (3:1) и Елиот во 90 минута поставувајќи го конечниот резултат (4:1).

Треба да знаете
Последни објави