Search

САД: Итно да се постигне конечен мир, вклучувајќи го и палестинското право на самоопределување

Американскиот претставник Ричард Висек за време на денешната јавна дебата за правните последици кои произлегуваат од политиката и практиката на Израел на окупираната палестинска територија, вклучително и во источен Ерусалим, ја истакна итната потреба да се постигне конечен мир кој вклучува и реализација на палестинското самоопределување.

„Како што реков на почетокот, имате тешка задача пред вас. Други побараа од вас да ги толкувате прашањата на правото нашироко. Од вас беше побарано да се обидете да го решите целиот спор меѓу страните преку советодавно мислење за прашања кои се фокусираат за делата на само една партија рече Висек, објави Гардијан.

Според неговите зборови, САД не се согласуваат со тоа, бидејќи ваквиот пристап би бил во согласност со улогата на судот во рамките на ОН, односно постигнување мир преку преговори.

„Нападите на Хамас, земање заложници и други злосторства, тековните непријателства и страдањата на Палестинците во Газа и насилството на Западниот Брег ја зајакнуваат решеноста на Соединетите Американски Држави итно да постигнат конечен мир кој вклучува целосна реализација на палестинското самоопределување“, истакна Вишек.

Тој изјави дека актуелната криза ја илустрира виталната потреба за постигнување мир, конечен мир со палестинска држава која би живеела безбедно и заедно со безбеден Израел кој ќе биде целосно интегриран во регионот.

Висек го цитираше американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој рече дека Израел нема да биде трајно безбеден доколку и додека не се исполнат палестинските политички аспирации.

„Недостигот на значителен напредок во преговорите за ставање крај на конфликтот и воспоставување мир меѓу страните и за регионот не може и не смее да продолжи. Советот за безбедност и Генералното собрание продолжуваат јасно да го поддржуваат решението за две држави и воспоставената рамка за неговото имплементација“, нагласи тој.

Според неговите зборови, конфликтот не може да се реши со насилство и еднострани дејствија, но преговорите се патот кој води до траен мир.

„Поради овие причини, со почит го охрабруваме судот внимателно да ги приспособи своите совети во оваа постапка со цел да го поддржи и промовира конечното постигнување на мирот и стабилноста во рамките на резолуциите 242 и 338 на ОН и Советот за безбедност на ОН“, нагласи Вишек.

Презентацијата на американскиот претставник ја заврши утринската седница на судот за правните последици кои произлегуваат од политиката и практиката на Израел на окупираната палестинска територија, вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Барање за советодавно мислење).

Јавната консултација започна во понеделник на 19 февруари и ќе продолжи до понеделник 26 февруари

Треба да знаете
Последни објави