Search

Ракометарите од вториот шешир ќе ги чекаат противниците во квалификациите за ЕП

На 21.март во данската престолнина Копенхаген ќе биде изврешна ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија на ждрепката е сместена во вториот шешир заедно со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција.

Во квалификациите ќе настапат 32 репрезентации. Домаќините трите скандинавски држави и актуелниот шампион Франција веќе изборија место на континенталното првенство.

Покрај нив на ЕП ќе патуват по две најдобри селекции од осумте квалификациони групи.

Шешир 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија
Шешир 2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови, Грција
Шешир 3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
Шешир 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија.

Треба да знаете
Последни објави