Search

Грешка на бензинска пумпа во Холандија значително ги намали цените на горивото

Поради грешка на автоматска пумпа во Хетерен, во холандската провинција Гелдерланд, намалени се цените на бензините и дизелот, што предизвика долги редици.

Во вторникот, возачите чекале во редици за да ги наполнат возилата со евтино гориво, за 1.399 евра за литар бензин и 1.069 евра за литар дизел, пишува NL Times.

Просечните цени на горивата во Холандија во вторникот беа 2.168 евра за литар за бензин и 1.995 евра за литар за дизел, според веб-страницата за споредба на цените FullTank.

Треба да знаете
Последни објави