Search

Голем пожар кај Желино, горат огромен број гуми

Противпожарната единица Тетово интервенира во гаснење на пожар предизвикан од запалени гуми спроти фабрика Киел во с. Желино кај подвозникот кон с. Сиричино (Опш. Желино), што создаде густ облак од чад, инфрмираат од ЦУК.

Како што соопшти дикреторот Стојанче Ангелов, гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, но нема опасност пожарот да зафати соседни објекти.

Се очекува целосно гаснење за максимум два часа, велат од ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави