Search

Ахмети утре ќе објави голема вест, дали тој, Османи или некој трет ќе биде претседателски кандидат на ДУИ?

„Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест“.

Вака кусо информираат од партијата ДУИ најавувајќи дека лидерот на партијата Али Ахмети утре во 11 часот ќе ја соопштел големата вест.

Тоа, во јавноста се толкува дека утре партијата и официјално ќе излезе со свој претседателски кандидат.

Дали тоа ќе биде лидерот на партијата Ахмети или шефот на македонската дипломатија Бујар Османи или можеби ќе се појави некое трето име, јавноста ќе дознае утре претпладне.

Одредени медиуми веќе пишуваат дека претседателски кандидат на ДУИ ќе биде кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.

Треба да знаете
Последни објави