Search

Синдикалната кошница за февруари изнесува 57.476 денари

Според пресметките на Сојузот на синдикати на едно четиричлено семејство за да го помиен месецот му се потребни 57. 476 денари ако живее во сопствен стан од 60 квадрати. Доколку, пак плаќаат кредит или кирија за ваков стан, тогаш трошоците за да се помине месецот ќе се зголемат на 72. 851 денар. Освен за храна, најмногу пари, според пресметки, одат за подмирување на месечните сметки, школување, превоз и облека. Поделени по ставки, за трошоци за храна и пијалоци од минималната синдикална кошничка отпаѓаат 21.219 денари (36,9%), трошоците за образование изнесуваат 7.022 денари (12,2%), додека трошоците за транспорт се 4.956 денари (8.6%). Трошоците за облека и обувки изнесуваат 4.902 денари (8,5%), трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење се 6.014 денари (10,5%), 4.245 денари (7,4%) за рекреација и култура, додека за ресторан и хотели трошокот изнесува 3.733 денари (6,5%). Нешто околу 2.473 денари (4,3%) од трошоците отпаѓаат за комуникација, 1.797 денари (3,1%) за хигиена, 1.115 денари (1,9%) за здравје и 950 денари (1,7%) за останати стоки и услуги. Вредноста на кошничката во февруари е зголемена за 313 денари во споредба со претходниот месец, кога изнесуваше 57.163 денари. Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март годинава според најавите таа треба да се зголеми на 22.500 денари, а во тек се пресметките и за зголемување на минималната пензија.

Треба да знаете
Последни објави