Search

Светски ден на социјалната правда

Во светот денеска се одбележува Денот на социјалната правда. Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007 година 20 февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда.

Со тоа, меѓу другото, Генералното собрание ги покани земјите-членки да се посветат на активности кои ќе ја сензибилизираат јавноста за важноста од унапредување на социјалната правда, елиминирање на проблемите со сиромаштијата, исклученоста и невработеноста и да укажат на потребата од обезбедување еднакви можности за сите.

Резолуцијата на ОН укажува на потребата од обединување на меѓународната заедница за искоренување на сиромаштијата, зголемување на вработеноста и достоинствената работа, обезбедување родова еднаквост и овозможување еднакви можности, социјална благосостојба и правда за сите.

Во светло на одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда, ОН нагласуваат дека социјалната правда е камен-темелник на мултилатерализмот, кој им овозможува на општествата и економијата подобро да функционираат и игра важна улога во обезбедувањето инклузивен и одржлив социо-економски раст.

Треба да знаете
Последни објави