Search

Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (19 февруари) околу 19 часот и 40 минути на улица „Љуботенска” во Тетово го привеле 31-годишниот тетовец С.Џ..

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. 

Треба да знаете
Последни објави