На паркинг во Кисела Вода пронајдено починато лице

Македонската полиција информира дека вчера во 11 часот и 30 минути во секторот за внатрешни работи во Скопје е добиена пријава за починато лице.

Според информациите, на паркинг на подрачјето на општина Кисела Вода во Скопје починала 67 годишната Д.С од Скопје.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.

Треба да знаете
Последни објави