Search

Ковачевски со најпретпознатливите жени на СДСМ го прославува роденденот на Костадиновска Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска вечерва го прослави својот роденден, а од фотографиите на социјалните мрежи се гледа дека тоа било скромно во одбрано друштво на нејзини блиски пријатели и соработници.

Покрај претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присутни биле и најпретпознатливите жени од СДСМ, како заменик претседателката и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, министерката за одбрана Славјанка Петровска, вицепремиерката Славица Грковска, претседателката на Форум на жени на СДСМ и заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова, заменик министерката за здравство Маја Манолева…

Освен што е министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска е и потпретседателка на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави