И Мадуро ги спореди израелските напади во Појасот Газа со злосторствата на нацистичка Германија

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска ги спореди израелските напади врз Појасот Газа со злосторствата на нацистичка Германија, еден ден откако истото го направи и неговиот бразилски колега Луис Инасио Лула да Силва.

„Хитлер беше чудовиште создадено од западните елити. Сега истото финансирање доаѓа и за криминалниот воен апарат на Израел. Како што рече претседателот Лула, израелската влада го прави истото со палестинскиот народ што Хитлер му го направи на еврејскиот народ“, рече Мадуро.

Мадуро, исто така, го повика израелскиот народ „да ги запре масакрите“ и изрази надеж дека „човештвото наскоро ќе стигне таму и ќе донесе правда“.

На 18 февруари, Лула да Силва рече дека масакрите на цивилите кои се резултат на израелското бомбардирање на Појасот Газа може да се споредат со злосторствата на Хитлер врз Евреите, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги оцени неговите изјави како „срамни и опасни“.

Треба да знаете
Последни објави