Search

Во авионот на „Свис ера“ откриен куфер со радиоактивен материјал, изолирани работници и патници

Куфер со радиоактивен материјал со „низок интензитет“ е откриен во авион на „Свис ер“ по слетувањето во Барселона, додека патниците биле во него.

Авионот што летал од Цирих за Барселона утринава слетал на аеродромот Ел Прат, југозападно од главниот град, јавуваат британските медиуми.

Во соопштението на социјалните мрежи, силите за цивилна одбрана во областа соопштија дека активирале „планови за вонредни состојби како одговор на предупредување за инцидент со пакет со ниско ниво на радиоактивен материјал транспортиран со авиони“.

Извори за весникот на Барселона „Национал“ изјавиле дека пет работници „превентивно“ биле префрлени во медицинскиот центар.

Изолирани се и неколку патници.

Треба да знаете
Последни објави