Search

(Видео) Мајката на Алексеј Навални му се обрати на Путин да го предадат телото на нејзиниот починат син

Људмила, мајката на Алексеј Навални опозицискиот лидер кој во петокот почина во затвор, директно му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи од него да ѝ го предадат телото на нејзиниот син. Људмила Навалнаја сними видео пред арктичката казнена колонија „Поларен волк“ во која што почина нејзиниот син и во него вели дека пет дена се обидува да го види неговото тело, но не ѝ кажуваат ни каде се наоѓа. -Пет дена не можам да го видам, одбиваат да ми го дадат телото, дури не кажуваат каде е. Ве молам Владимир Путин, сѐ зависи од вас! Дозволете ми да си го видам синот. Барам неговото тело веднаш да биде ослободено за да може да има пристоен погреб, вели Навалнаја во видеото. Вдовицата на Навални, Јулија, посочи дека телото на нејзиниот починат сопруг ќе се крие додека не исчезнат трагите од труењето со нервниот агенс новичок. Таа директно го обвини Путин за убиството на Алексеј Навални. Иван Жданов, директорот на Фондацијата против корупција основана од Навални, кажа дека Путин унапредил висок затворски функционер само три дена по неговата смрт. Валери Бојаринов, заменик-шеф на службата која раководи со руските затвори, добил чин на полициски генерал.

Треба да знаете
Последни објави