Search

Баерн се подготвува за летна чистка, само четворица фудбалери не се на продажба!

Германскиот актуелен фудбалски првак Баерн Минхен, по повеќегодишна доминација во бундеслигашката конкуренција сезонаваа се соочува со резултаска и играчка криза. На повидок е сезонава да остане без освоен трофеј. Поради вкавите резултратски сигнали, во тимот од Минхен се подготвува летна чистка. Макс Еберл, новиот спортски директор, кој во март треба да ја преземе функцијата кај шесткратниот европски шампион, ќе ја има таа одговорна задача. Четири играчи имаат загарантирано место во новиот тим кој допрва ќе се компонира. Мешу недопирливите се: Мануел Нојер, Томас Милер и Џамал Мусијала и Хари Кејн. Сите други можат да се најдат на листата за продажба.
На Баварците им недостига лидер во одбраната. Упамекано, првично предодреден за улогата, направи премногу грешки, додека Ким има проблеми со комуникацијата со оглед дека не го знае германскиот јазик. Многумина го гледаа Де Лихт како иден лидер на последната линија во тимот, но, сепак, тренерот Томас Тухел сериозно не смета на неговите услуги. Кога станува збор за средниот ред, фрустрацијата на Кимих откако беше заменет во неодамнешниот пораз од Бохум совршено го сумира тоа. Изгледа дека е презаситен од лидерската улога на теренот и му треба некој да го поддржи.

Треба да знаете
Последни објави