Search

Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести

Oд Министерството за здравство информираат дека д-р Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести, тој останува и понатаму да ја извршува својата функција.

„Министерството за здравство информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести. Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација“, велат од Министерството за здравство. 

Дел од медиумите претходно информираа дека тој е сменет. 

Треба да знаете
Последни објави